Фудбал
8. October 2018 - 18:47

Азар: Од дете сонувам за Реал Мадрид

 Еден Азар изрази симпатии кон Реал Мадрид и го посочи како најдобар клуб во светот, без да се грижи што ќе кажат неговите сегашни работодавци во Челзи. 
 
- Реал Мадрид е најдобриот клуб во светот, не сакам да лажам, од дете сонувам да играм за Реал. Ќе видиме што ќе се случи. Не сакам да зборувам за тоа секој ден. Наскоро ќе разговараме за мојата иднина, рече белгискиот капитен, цитиран од британските и шпанските медиуми.
 
Пред неколку недели, Белгиецот уште еднаш сподели дека отсекогаш сонувал да игра во Примера. Неговиот сегашен договор истекува во летото 2020 година.