Фудбал
28. November 2016 - 12:53

Азар: Арсенал нема шанси за титулата

Ѕвездата на Челзи Еден Азар смета дека само Ливерпул и Манчестер Сити се ривали на неговиот тим за титулата во Премиер лигата. Белгиецот на тој начин ги отфрли како конкуренција градските ривали Арсенал и Тотенхем но и Манчестер Ј. 
„Сити и Ливерпул се добри екипи, но ако сакаме титула мораме да победиме во директните дуели. Следното коло играме против Сити, силен противник и очекувам нова победа. Полни сме „самодоверба“ “ им изјави Азар на британските новинари по триумфот над Тотенхем од 2-1. 
Интересно е што последниот пораз Челзи го има токму од Арсенал и тоа убедлив од 3-0 од пред два месеца. Потоа следуваше серија од 7 победи. 
Челзи е лидер во Премиер лигата со 31 бод, еден повеќе од Ливерпул и Сити односно три од Арсенал и дури 7 пред Тотенхем.