Бизнис
6. October 2016 - 19:52

Автопатот Скопје - Штип ќе биде готов следната година

Повеќе од половина завршени градежните активности на автопатот Миладиновце- Штип. Трасата во должина од 47 кимлометри е целосно пробиена, 22 отсто од новиот пат се асвалтирани.

Ќе има седум клучки,пет потпатници, армирани бетонски мост.

Во моментов на автопатот се работи со 350 градежни машини, ангажирани се  850 работници , 50 се од кинеската градежна фирма Синохидро, останатите се од домашни компани. Новиот автопат се гради според сите европски стандарди.

Ако се оди според планираното и доколку временските услови бидат поволни, се очекува автопатот целосно да биде готов следната година а со тоа патувањето од Скопје до Штип ќе се скати на половина час.

Целата инвестиција е 207 милиони евра, пари обезбедени од кинеската Ексим банка. Надлежните заедно со градежните работници беа на терен да видат како течат градежните работи.

Во Македонија во моментов се случува градежна екпанзија. Се градат 340 километри патна мрежа,  Паралелно се градат автопатите Демир Капија - Смоквица, Кичево – Охрид. Се работи и на Коридорите 8 и 10. Само годинава во инфрастуктура ќе бидат инвестирани 900 милиони евра.

Вложувањата во нови патишта ќе продолжат и во иднина. Со модернизацијата на патната инфраструктура значително ќе се подобри превозот на стока и патници, а  сообраќајот ќе биде побезбеден.