Бизнис
7. March 2018 - 19:41

Автопатот Демир Капија - Смоквица ќе биде пуштен средината на април

Од средината на април ќе се вози по автопатот Демир Капија Смоквица. Делницата се гради веќе шест години, конечно се надминати сите проблеми и може да биде ставена во употреба. Инвестицијата вредна над 200 милиони евра обезбедува комплетно автопатско поврзување од Табановце до Богородица.

Новата деланица со должина од 28 километри ќе отвори простор за нови инветсиции и отворање нови работни места посебно во бензниски станици. Меѓу заинтересираните за инветсирање е и руски Лукоил. Компанијата денеска ја отвори 28 бензинска станица, лоцирана во Трубарево. Од компанијата најавуваат ширење на инвестициите во земјава.

Лукоил во Македонија работи веќе 13 години, има над 400 вработении е еден од 10 –те најголеми инветситори во земјава.