Македонија
9. July 2017 - 13:36

Автомобилот излетал од патот: Младо момче почина на лице место

Во 02 часот по полноќ на регионалниот пат Виничка крстосница-Виница, во близина на мостот на река Брегалница, се случила сообраќајна незгода.
 
Полицијата информира дека патничко моторно возило “Пасат“ со винички регистраски ознаки излетало од патот. Со него управувал 20-годишниот А.М. од Виница кој за жал починал на лице место.
 
По овластување на Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Кочани, увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Виница.