Македонија
6. July 2020 - 10:24

Автомобил удрил во мопед, повреден малолетник

На 05.07.2020 во 13.20 часот било пријавено дека во Скопје, на ул. „Цветан Димов“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(24) од Скопје и мопед „пијаџо“, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Б.(18) од Скопје. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник од мопедот, а со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде биле пренесни за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.