Македонија
14. October 2018 - 11:24

Автомобил удри во тригодишно дете во Битола

Вчера во 12.25 часот на улица „7-ми Јули“ во Битола, товарно возило „Фиат Добло“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Прилеп, а управувано од И.Г.(38) од село Селце, прилепско, удрило тригодишно девојче од Битола. Притоа, со тешки телесни повреди се здобило детето и било пренесено во Клиничката болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот