Македонија
20. October 2020 - 10:15

Автомобил удри во пешак во Скопје

Вчера во 08.00 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Лондонска“, патничко возило „опел“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(57) од Скопје, удрило во пешакот М.Ј.(78) од Скопје, стои во соопштението од МВР.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила М.Ј., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа на СВР Скопје.