Македонија
12. September 2018 - 10:26

Автомобил удри во мопед во Свети Николе - повредено едно лице

На улица „Ангел Трајчев“ во Свети Николе, вчера во 13.20 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Сеат толедо“ со светиниколски регистарски ознаки управувано од Ј.Ѓ. (57) од Свети Николе и мопед „Баотијан“, управуван од Г.Т.(41) од Свети Николе.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Г.Т., кој по укажана лекарска помош во Здравствена установа Свети Николе е препратен во Медицински центар Штип.

Извршен е увид на местото на настанот.