Македонија
21. May 2018 - 12:56

Автомобил удри во ѕид од куќа во Волково, две лица тешко повредени

Две лица се тешко повредени откако минатата ноќ околу 4:20 часот наутро удриле со автомобил во бетонски ѕид од куќа.

Несреќата се случила на улица „100“ во скопско Волково кога патничко моторно возило „Цитроен Ц 2“ со скопски регистарски ознаки управувано од  Х.Ѓ.(21) од Скопjе, удрилo во ѕидот.

-Со повреди се здобиле Х.Ѓ. и сопатничката Н.П.(19) од Скопје. Тие со возило на Итна медицинска помош  биле пренесени во Ургенетен центар при комлекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, каде им биле  констатирани тешки телесни повреди, а по укажаната лекарска помош биле задржани на лекување, информираат од МВР.

Извршен е увид на местото на настанот.