Македонија
8. March 2019 - 10:12

Автомобил удри во дедо во Свети Николе

На 07.03.2019 година во 14:45 часот било пријавено дека во Свети Николе на улицата “Младинска“ патничко моторно возило “Опел“ со светиниколски таблици управувано од С.П.(43) од с.Милино удрил во пешакот Д.М.(81) од Свети Николе.

Д.М. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница во Штип.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Свети Николе и се работи на целосно расчистување на случајот.