Македонија
4. July 2018 - 10:39

Автомобил удри во 6-годишно дете кај езерото Треска - возачот избегал

Во Единицата за информации и команда Скопје,вчера во 15:25  Д.В. пријавила дека на паркингот пред езеро Треска непознато патничко возило удрило во шестгодишно дете од Скопје и го напуштило местото. Со друго возило детето било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување  на случајот.