Македонија
13. July 2018 - 11:14

Автомобил удри пешак на патот Кочани - Македонска Каменица

Како што информираа од полицијата, утринава  околу 01,20 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кочани-Македонска Каменица кај место викано Кантурски рид, мотоцикл со регистарска ознака од Македонска Каменица, управуван од А.С.(28) од Македонска Каменица, удрил во пешакот А.З.(37) од Македонска Каменица. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Штип и бил задржан на понатамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.