Македонија
10. July 2016 - 12:03

Автомобил излетал од патот кај Неготино

Автомобил излетал од автопатот А1 Неготино - Демир Капија кај месноста „Острово" близу Неготино.

Во моментов се врши увид на лице место и засега не може да се дадат детали за сообраќајката и бројот на повредени, информираат од МВР.

Според првичните информации, сообраќајната несреќа била пријавена во 11 часот и 13 минути.