Македонија
7. May 2020 - 10:10

Автомобил излетал од патот и удрил во бетонски ѕид

Вчера во 18:00 часот било пријавено дека на автопатот “Мајка Тереза“ на мостот над локалниот пат кој ги поврзува с.Бојане со с.Ласкарци, патничко моторно возило “БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(45) од Гостивар, излетало надвор од коловозот и удрило во бетонски ѕид од мост. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, по што бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Скопје, стои во соопштението од МВР.