Македонија
3. August 2017 - 13:57

Автомобил излетал од патот и се превртел: 24-годишно момче итно пренесено на Клиника

Вчера во 20 часот и 10 минути во Скопје на локалниот пат село Бањани– село Сандево се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило„Фолксваген Голф“ со скопски регистерски ознаки управувано од 24- годишен Д.П од село Бањани-Скопје, излетало од коловозот и се превртело.

Д.П. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот Центар-Скопје каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.