Македонија
1. March 2021 - 11:22

Автомобил излетал од патот Гостивар-Градец, повредени се три лица меѓу кои и малолетник

Три лица се здобиле со повреди откако автомобил „Сеат“ со скопски таблички излетал од патот Гостивар-с.Градец.

Од полицијата информираат дека несреќата е пријавена вчера околу 18 часот на влез од селото Врапчиште. Автомобилот бил управуван од 24-годишниот М.Џ. од гостиварското село Добридол.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил М.А.(23) од с.Добридол, а со телесни повреди се здобил возачот и уште еден сопатник на возраст од 16 години, констатирани во Медицински центар Гостивар, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на Полициската станица Гостивар.