Македонија
13. August 2017 - 14:14

Автомобил излета од патот Велес – Штип, едно лице повредено

Педесет и седумгодишна жена е повредена во сообраќајна несреќа што се случила утрово на патот Велес – Штип, кај село Кадрифаково.

Според информациите на МВР, до несреќата дошло кога С.Г.(58) од село Облешево, со автомобил „Фолксваген Кади“ со хрватска национална ознака, изгубил контрола, излетал надвор од патот и се превртел на кров.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобилa сопатничката Л.Г.(57) од село Облешево, која е пренесена во Медицински центар Штип.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.