Македонија
12. јуни 2018 - 10:30

Автомобил излета од патот Куманово - Свети Николе, има повредени

Автомобил излета од патот кај Куманово, повредени две лица. Според информациите на полицијата вчера  во 15.50 часот  на регионалниот пат Куманово - Свети Николе патничко моторно возило „Голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Ф.С.(24) од Куманово  излетало од патот. Од незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле Ф.С. и неговата петгодишна ќерка. Поради  сериозноста на повредите, по укажаната лекарска помош во Медицински центар-Штип, се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза".

Извршен е увид на местото на настанот.