Македонија
22. July 2020 - 16:47

Автомобил изгоре на тротоар во центарот на Скопје

Изгоре возило во центарот на Скопје. За среќа нема повредени, настаната е само материјална штета.

Автомобилот од за сега непознати причини се запалил и целосно изгорел, а пламенот зафати и делумно ги изгоре задните делови на уште три возила на локалните жители.

Сведоците го виделе сопственикот на опожареното возило, но велат дека го напуштил местото на настанот. Неофицијално, според нивното сведочење, го паркирал и напуштил возилото за да заврши некоја работа, а потоа автомобилот експлодирал.

Во гаснењето на возилата интервенираа вкупно 7 пожарникари со 2 возила.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека деталите и причината за несреќата ќе ги соопштат по завршување на увидот.