Loading Video...
Свет
7. August 2019 - 19:13

Автомобил бомба во Кабул уби најмалку 14 луѓе, над 150 повредени

Најмалку 14 лица загинаа, а над 150 се повредени по експлозијата на автомобил бомба во Кабул. Експлозијата се случила пред полициска станица во авганистанскиот главен град. Локалните медиуми пренесуваат дека меѓу повредените најмногу има цивили, меѓу кои жени и деца.

Одговорноста за експлозијата ја презедоа Талибанците. Нападот се случува во период кога во тек се мировни преговори помеѓу американската страна и Талибанците.

Двете страни наведуват дека засега нема прогрес во преговорите, кои треба да стават крај на 18-годишната војна.