Балкан
18. March 2016 - 10:32

Автомобил-бомба откриен во близина на владина зграда во Дијабекир

Автомобил полн со експлозив синоќа бил откриен во близина на владина зграда во градот Хани, турскиот округ Дијабекир, каде мнозинството население се Курди.

Бомбата во автомобилот била деактивирана. Автомобилот бил паркиран во близина на зграда на локалните власти.

Автомобилот-бомба бил паркиран на околу 50 метри од споменикот на жртвите од битката за Галиполе, за време на Првата светска војна.