-->
-->
Автомобил без контрола се движел кон полицајци, дрвокрадци рипнале од него во движење
-->
На 11.07.2025 околу 12.40 часот при вршење на мотопатролна дејност, во с.Липково, Општина Липково, од полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции било забележано товарно возило „ивеко“, натоварено со нежигосано огревно дрво.
При даден знак за запирање, возачот не постапил по наредбите и се дал во бегство, а подоцна, тој и совозачот скокнале од возилото и го оставиле да се движи без контрола, кон полициските службеници.
При тоа, возилото излетало од патот, а лицата се дале во бегство. Дрвата и возилото се запленети, а се преземаат мерки за пронаожање на лицата и расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Училишниот прибор ќе поевтини за најмалку 10 и 15%
-
Заврши обуката на пожарникарите – утре 352 лица ќе потпишат договори за работа
-
Преглед на вестите од светот
-
Превентивни прегледи од областа на медицина на трудот, ќе бидат евидентирани во Мој термин
-
Дали јадењето во ресторани станува луксуз
-
Заврши жетвата, приносот во Овче Поле под очекуваното
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп