Македонија
15. December 2018 - 13:26

Автоматско оружје, пригушувач и куршуми пронајдени кај двајца велешани

Автоматско оружје, пригушувач и куршуми се пронајдени при извршен претрес кај двајца велешани. Полицијата информира дека вчера во периодот од 10 до 12 часот во Градско, Велес со наредба од Основен Суд Велес извршени се претреси во домовите на лицата О.П.(36) и П.К.(54).

,,Во домот на О.П. од Градско пронајдени се 9 куршуми 9 мм додека кај П.К. исто така од Градско пронајдени и одземени се едно автоматско оружје со пластична рамка, еден пригушувач на звукот, 11 куршуми 9мм. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ за ,,неовластено изработување, држење, поседување и тргување со оружје или распрскувачки материи”, информираат од МВР.