Живот
2. November 2018 - 10:07

Автобусот полуде ја проби оградата од мостот и падна во река: 13 патници загинаа кога жена се скарала со возачот поради бизарна причина

Кавга на патничка со возачот довела до падот на автобус во реката Јангце на југозападот од Кина, и во таа прилика загинаа 13 лица, а две се водат како исчезнати, соопшти денеска полицијата.

На видео-снимката од осум секунди, која полицијата ја објави на социјалните мрежи, се гледа кавгата и тепачката поради која автобусот сврте во погрешна лента, удри во еден автомобил и падна од мостот во река.

Полицијата наведе дека патничка почнала кавга со возачот зошто ја промашила станицата на која требало да се симне.

Засега се пронајдени 13 тела на патниците, додека по 2 се уште се трага, а се претпоставува дека никој од патниците не преживеал.