Македонија
25. July 2021 - 9:54

Автобусот кој се преврте кај Славонски Брод е со косовски национални ознаки

Најнови информации стигнуваат околу страшната несреќа која утрово се случила на автопатот Славонски Брод – Загреб, во близина на наплатната рампа во Славонски Брод.

Првичната информација беше дека автобусот е со македонски таблици, но по истрагата од местото, полицијата соопшти дека се работи за косовски автобус.

Преживеаните се пренесуваат со болница, а сообраќајот е во прекин.

Порталот 24 САТА“ јавува дека автобусот, бил со косовски таблички, а засега неофицијално загинати се 10 лица, додека 30 се пренесени во болница.

„Во 6:22 часот примивме дојави за слетување на автобус. Се работи за автобус со косовски таблици. Увидот е во тек. Засега не можеме да дадеме повеќе информации. Повеќе од 30 се повредени“, рече началникот на полицијата на Славонски Брод, Иван Галиќ, пренесува „24САТА“.

Повеќе детали очекуваме во текот на денот.