Македонија
25. February 2020 - 16:32

Автобускиот превоз никој не го контролира, шест патници од Италија влезени без медицински надзор

Без никакви контроли на граничните премини се одвива автобускиот превоз до Италија и назад. Намален е бројот на лица кои патуваат , но не поради страв од корона вирусот, туку затоа што е  вообичаено за овој период од годината, уверуваат од  меѓународниот транспорт.  Од Местре, градот пред Венеција  утринава дошле 6 лица.   Словенечката, хрватската , српската  и нашата граница ја поминале  без никакви задржувања и преглед на патниците.

Возачите на автобуси превентивно носат маски, но велат дека не се загрижени од состојбата. Според нив, се ширело повеќе паника отколку што реално треба.  Не се плашат да патуваат во Италија ниту македонките за празникот на жената. Денеска откажале само 40 од 210 патници од една туристичка агенција. Додека пак, преку најголемата,ќе патуваат сите 500 лица кои веќе уплатиле аранжман за Италија.