Македонија
8. December 2020 - 8:37

Автобусите на ЈСП „Скопје“ ќе сообраќаат по неделен возен ред

Автобусите од јавниот превоз денеска ќе сообраќаат по неделен возен ред поради државниот празник Св.Климент Охридски.

Како што соопшти ЈСП „Скопје“, денеска дежурни се три билетарници. Од 7 до 19:30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а од 7 до 13 часот ќе  биде отворена билетарницата во Ѓорче Петров.

Од ЈСП „Скопје“ потсетуваат дека и натаму не сообраќаат автобуските линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б), а не работи ниту Жичарницата. Сѐ уште времено е укинато бесплатното возење за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела.