-->
-->
Автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници од утре ќе сообраќаат по саботен возен ред
-->
Јавното сообраќајно преторијатие Скопје информира дека од утре, (понеделник) поради намалена мобилност на населението и значително намалениот број на корисници на јавниот превоз, автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници ќе сообраќаат по единствен саботен возен ред.
Возниот ред може да се види на веб страницата www.jsp.com.mk, а информации може да се добијат и во Диспечерски центар на (02)3173-224.
Одлуката ќе важи до 21 март 2020 година, а за евентуални промени, јавноста ќе биде навремено информирана.
Како што се наведува во соопштението, одлуката е донесена согласно препораките и преземените мерки на Владата на РМ за превенција од ширење на коронавирусот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна