Македонија
1. July 2017 - 16:11

Автобус со македонски регистарски таблички изгорел денеска на делот од автопатот кај Јагодина

Aвтобус со македонски регистарски таблички изгорел денеска на делот од автопатот кај Јагодина. Повредени во пожарот нема, потврди Министерството за внатрешни работи на Србија.

Според српските медиуми, пожарникарите го изгаснале пожарот кој го оквалификувале како самозапалување, а сообраќајот на овој дел од автопатот е нормализиран.

Автобусот се запалил изутрината на правецот кон Ниш, кај надвозникот за селото Кончарево и целосно изгорел.