Македонија
13. March 2019 - 10:12

Автобус прегази жена во скопски Чаир

Тешка сообраќајна несреќа вчера се случи во скопската населба Чаир, тешко повредена жена.  Како што стои во билтенот на МВР, вчера  во 14.15 часот на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, автобус на ЈСП, управуван од С.С.(53) од Скопје, удрил во пешакот И.Џ.(66) од Скопје. И.Џ. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.