Македонија
21. јуни 2018 - 14:31

Автобус прегази пешак на автобуската станица во Кочани

Вчера околу 08.30 часот во кругот на автобуската станица Кочани, автобус ,,Ман“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на „Берово-Транс“, управуван од К.М. (50) од Берово, удрил во пешакот С.А. (62) од Кочани.

Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа Кочани бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кочани.