Свет
26. February 2020 - 12:45

Автобус падна во река во Индија, 24 загинати

Автобус, кој превезувал патници на свадба, падна во река во западната индиска држава Раџастан, при што загинаа 24 патници, меѓу кои 10 жени, соопшти полицијата.

Возачот на автобусот изгубил контрола кога возилото со 28 патници поминувало преку мост.

Спасувачки екипи и жители од околните села се обидуваат да ги извлечат телата од реката.

Индија регистрира повеќе од 150.000 смртни случаи на патиштата секоја година, поради лошо одржуваните возила и несовесно возење.

Минатиот месец, 26 лица загинаа кога автобус се судри со рикша во западна Индија.