Балкан
3. January 2016 - 17:27

Автобус излетал од патот и се превртил поради снегот - две лица повредени во сообраќајка во Србија

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која утрово се случила на автопатот Нови Сад – Белград во соседна Србија откако автобус излетал од патот.

Како што пренесуваат локалните медиуми, автобусот загубил контрола поради снегот на патот.
Според информациите, по излетувањето од патот, автобусот удрил во приколка од камион. Со повреди се здобиле возачот и совозачот.