Свет
13. April 2021 - 11:35

Австрискиот министер за здравство поднесе оставка

Австрискиот министер за здравство Рудолф Аншобер денеска поднесе оставка.

Откако беше на боледување повеќе од една недела, тој најави обраќање за денеска.

За здравствената состојба на Аншобер нема информации, освен што вицеканцеларот Вернер Коглер рече дека министерот има проблеми со циркулацијата на крвта.