Австрискиот министер за одбрана бара целосно затворање на Балканската маршрута
Австрискиот министер за одбрана Ханс Петер Доскоцил изјави дека Австрија сака да ги зголеми напорите заедно со земјите од Балканската маршрута за „затворање на дупките“ во обезбедувањето на границите, напоменувајќи дека маршрутата „се уште не е целосно затворена, како што треба да биде“.
Балканската маршрута беше целосно затворена минатиот март. Но австрискиот министер за одбрана изјави за денешното издание на германскиот весник „Велт“ дека се уште се видливи „активности на трговци со луѓе“, при што меѓу 500 и илјада мигранти поминуват неделно.
Тој истакна дека „ситуацијата може да се влоши во секое време“, споменувајќи ги заканите на Турција да ја прекине спогодбата со ЕУ за стопирање на мигрантите.
Доскоцил додаде дека Австрија планира поблиска соработка со земјите од балканскиот регион во врска со подобрата одбрана на границите.
Ново на Сител
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела