Австрискиот канцелар потврди дека сака да ги запре предизборните настапи на турските политичари
Во интервју за доцните вести на телевизијата австрискиот канцелар Кристијан Керн потврди дека има намера да ги забрани предизборните изјави на турските политичари во Австрија.
- Не треба да бидеме наивни, изјави Керн, бидејќи на крајот, сепак, станува збор за спротивставувањето на политичкиот ислам на европските вредности.
Според него, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган забележливо провоцира, па затоа неопходно е да се забранат предизборните изјави на турските политичари во Австрија.
Овие изјави водат кон извртување на слободата на луѓето да се собираат, продолжи Керн, бидејќи на претстојниот референдум станува збор за укинување на демократијата во Турција во една или друга форма.
- Сметам дека турската страна веројатно ќе продолжи со оваа игра и во Австрија, изјави Керн.
„Не треба да се согласуваме со се. Прашањето на дипломатичност е да се сообразиш со одбивање на молбата за организирање настан“, продолжи австрискиот канцелар.
Тој прецизираше дека градоначалниците имаат право да ги спречат ваквите говори, како на пример, тоа што се случи во австриските градови Хорбранц, Винер Нојштат, Херцогенбург и Линц, каде со одлука на градоначалниците турските политичари не зборуваа пред своите сонародници.
Ваквите ситуации градоначалниците ги ставаат под голем притисок, па затоа соодветната законска измена ќе биде гест што ќе покаже дека за ова прашање Австрија има единствен политички став.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица