Свет
16. February 2016 - 18:08

Австрискиот канцелар најави дополнителна контрола на границата

Австрија ги интензивира напорите за дополнителна контрола на некои гранични премини на јужната граница, со цел да се подготви за евентуалното зголемување на бројот на мигранти следните месеци, изјави денеска канцеларот Вернер Фајман.

Тој истакна дека подготовките треба да им овозможат на властите итно да реагираа ако порасне бројот на мигранти.

- Затоа сериозно ги зголемуваме напорите за гранична контрола, истакна Фајман.

Во текот на денот австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микал-Лајтнер ќе ги соопшти деталите за подготовките.