-->
-->
Австрискиот канцелар Фајман поднесе оставка
-->
Австрискиот канцелар Вернер Фајман изјави денеска дека поднесува оставка на сите државни и партиски функции.
Тој во кусото обраќање пред новинарите изјави дека донел одлука да се повлече од лидерската функција во Социјалдемократската партија, како и од функцијата претседател на Владата.
Фајман ненадејно ја објави оваа одлука пред денешниот состанок на Претседателството на партијата.
До пред два дена изгледаше дека Фајман ќе биде сменет од лидерската функција во партијата, но според неговото однесување се доби впечаток дека тој сака да се бори да остане на таа функција. Меѓутоа по појадокот изутрината со високи партиски функционери и лидери на неколку австриски покраини, тој сепак се откажа.
Засега не е познато кој ќе го замени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пристигна втората пратка вакцини од Србија, во очекување на дополнителни дози бројот на инфицирани од Ковид-19 надмина 100.000
-
Попис ќе има од 1 до 21 април, следната недела почнува првата фаза од попишувањето
-
Османи во Софија на средба со Захариева: Бугарија ја подржува евроинтеграцијата на земјава со исполнување на соодветни услови
-
Седница за пратенички прашања и заседанија на две собраниски комисии
-
Умерен земјотрес регистриран во близина на Дубровник
-
Во светот над 113 милиони луѓе заразени со Ковид-19
-
Путин потпиша закони за повисоки парични казни за демонстрантите и интернет-страниците
-
Сончево и топло до 20 степени