Македонија
3. November 2020 - 10:08

Австриски новинар: Зад нападот во Виена стои Албанец со македонско потекло

Главниот уредник на виенскиот магазин „Falter" Флориан Кленк тврди дека зад нападот во Виена стои Албанец со потекло од Македонија, пренесува српски „Б92“.

„Тој се вика Куртин С., роден е 2000 година во Виена, каде и израснал. Од албанско потекло е, а неговите родители се од Македонија и немаат никаква врска со изламизам“ напиша новинарот на Твитер.

Тој наведува дека момчето усмртило четири лица, по што полицијата го убила. И бил познат на службата против тероризам, бил еден од 90-те исламисти кои се обиделе да отпатуваат во Сирија.

Министерот за внатрешни работи на Австрија, Карл Нехамер потврди денеска дека убиениот терорист бил симпатизер на ИД.