Бизнис
7. јуни 2016 - 20:22

Австриски компании заинтересирани за инвестииции и соработка со македонски фирми

Австриските компании ги испитуваат можностите за инвестирање во земјава. За поинтензива соработка 9 австриски фирми од кои најголем дел се од фармацевтската индустрија, преработка на дрво како и производство на алати и машини денес се сретнаа со над 60 домашни компании. Очекуваат тука да пронајдат деловни пратнери со кои ќе развијат долгорочна соработка.

Минатата недела австријците информираа дека две австриски фирми се заинтересирани да инвестираат во земјава. Едната е од осигурителниот сектор а другата ќе отвори Регионален центар за услуги. Потенцираа дека и покрај актуелната политичка состојба во земјава ти се заинтересирани за економска соработка.

Домашните фирми сметаат дека доколку склучат договори со австриските, ќе  се зголеми трансферот на нови технологии и знаења, и ќе им се отвори патот кон европските пазари.

Австрија е 14ти трговски партнер на Македонија и втора земја по големина на инвестициите. Македонските фирми во Австрија најмногу извезуваат текстил и метални производи а најмногу увезуваат прехранбени производи и производи од фармацевтската индустрија.