Свет
3. April 2016 - 23:43

Австриската полиција се судри со демонстранти на граничниот премин Бренер заради затворање на границите

Австриската полиција денеска на граничниот премин Бренер, на границата меѓу Австрија и Италија, се судри со демонстранти кои протестираа заради затворање на европските граници за мигрантите.

На граничниот премин се собраа 1.500 лица, а при крајот на инаку мирниот протест, десетина демонстранти се обидоа да го пробијат кордонот на австриската полиција.

Полицијата употреби палки и бибер спреј за да ги одбие демонстрантите, кои припадниците на безбедносните сили ги гаѓаа со шишиња и камења, пренесоа американските медиуми.

Австрискиот весник „Тиролер тагесцајтунг“ на својот сајт објави дека двајца полицајци се повредени.