Свет
2. December 2021 - 13:37

Австриската царина преполна со запленет „Ивермектин“

Австриските цариници соопштија дека се „преполни“ со шверцуваниот лек за коњи „Ивермектин“, за кој противниците на епидемиолошките мерки и антиваксерите тврдат дека делува против Ковид-19.

Од септември, како што соопшти австриското Министерство за финансии, бројот на запленети количества „Ивермектин“ нагло се зголеми.

И покрај бројните предупредувања од лекарите дека може да предизвика труење, царинските службеници утврдија дека побарувачката за „Ивермектин“ е значително зголемена во изминатите месеци, што доведе до зголемени заплени на овој ветеринарен препарат.

– Наместо да се заштитат од коронавирусот, луѓето кои го купуваат производот го загрозуваат своето здравје; посочува министерот за финансии, Гернот Блимел.

Тој посочи дека запленетите шверцувани лекови, кои пристигнуваат пред се од Азија, се ефикасни, фалсификувани и лоши препарати.

Додека во првата половина од годинава се забележани само поединечни заплени на „Ивермектин“, само во октомври се запленети 7.640.

Во периодот меѓу септември и средината на ноември се запленети вкупно 15.844 таблети, од кои повеќето биле нарачани преку интернет и испратени по пошта.

Најголем дел од нарачателите на овој лек се од Долна Австрија, Горна Австрија, Штаерска и Виена.