Австрија започнува со масовно тестирање на населението
Австрија, по истекот на мерката за „заклучување“, како што најави канцеларот Себастијан Курц, ќе спроведе масовно тестирање на населението за коронавирусот.
Според планот за тестирање, на 5 декември, ден пред истекот на мерката за „заклучувањеё“, ќе започне тестирањето на наставниците, а потоа и на полицајците.
Првиот викенд од декември ќе бидат тестирани сите вработени во државните училишта, како и персоналот во градинките – околу 200.000 луѓе.
На 7. и 8 декември ќе се спроведе тестирање на сите околу 40.000 полицајци, а непосредно пред католичкиот Божик се планира пошироко тестирање на населението, на доброволна основа.
Во првите недели од декември ќе се спроведе бесплатно тестирање во општини со високо ниво на инфекција.
„На почетокот на следната година се планира ново масовно тестирање во целата земја“, соопшти Владата.
Веќе се набавени седум милиони антиген брзи тестови, а се планираат и натамошни нарачки.
Трошоците за првите седум милиони тестови се околу 50 милиони евра.
Акцијата за масовно тестирање ќе ја спроведат Армијата и Министерството за здравство. Армијата веќе имаше искуство бидејќи и помагаше на Словачка во спроведувањето масовно тестирање таму.
Покрај овие мерки, се работи и на скрининг програма за заштита на домовите за стари лица.
Како што соопшти Владата, веќе се испорачани 315.000 тестови, а други три милиони се обезбедени.
Канцеларот Курц истакна дека тестирањето се врши на доброволна основа.
– Барам од населението да го поддржи овој проект и да учествува во него. Масовното тестирање е голема шанса за Австрија да најде начин за враќање во нормала до вакцинацијата, порача Курц.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари