Свет
15. November 2020 - 15:34

Австрија воведува масовно тестирање на населението

Австрискиот канцелар Себастијан Курц најави масовно тестирање на населението.

Курц за ОРФ изјави дека масовното тестирање ќе се спроведе пред Божиќ, слично на она во Словачка, бидејќи таа мерка била успешна. Во Австрија, најпрво ќе бидат тестирани вработените во образовниот систем, со цел училиштата повторно да можат безбедно да ги отворат вратите на 7 декември.

Во следниот чекор, Курц сака масовни антиген-тестови за да се обезбеди безбедна прослава на Божик.

Во изминатите 24 часа, во Австрија се пријавени 5.665 новозаразени, а починале 83 лица. Најголем дел од заразните се од Виена.