Свет
28. December 2017 - 11:48

Австрија: Повеќе позитивни од негативни одлуки на барањата за азил

- Околу 19.800 лица во првите 11 месеци од оваа година добија статус на азиланти во Австрија, додека 12.800 барања се одбиени.

Меѓу лицата кои добија азил, најголем број се Сиријците (56 отсто), а потоа следат Авганистанците (18 проценти).

За оние кои добија само ограничена заштита, најголемата група е од Авганистан (45 отсто).

Хуманитарен престој, кој се одобрува за особено успешна интеграција, доделен е на 1.385 лица, а најголема група доаѓа од Русија, по што следуваат граѓани со потекло од Србија.

Според податоците на Фондот за интеграција, бројот на барања за азил значително се намалил оваа година.

Досега 22.739 лица поднеле барање за азил, а уште од  минатата година надлежните органи имаат 42.285 молби.

На врвот на листата на земји на барателите на азил, е Сирија (30, 6 проценти), пред Авганистан (15,3 проценти).

Од бројот на поднесените молби, во постапка за решавање се 18.982 барања, што е помалку од горната граница што ја утврди Владата, односно 35.000.