Балкан
21. February 2016 - 17:21

Австрија покани држави од Балканот за координациска средба за миграцијата

Министри за внатрешни и за надворешни работи од држави од Западен Балкан, Бугарија и Австрија ќе имаат средба в среда во Виена за координација на рестриктивната политика на границите.

На средбата ќе се прецизира политиката кон бегалците по балканската маршрута откако Владата во Виена воведе дневни квоти на своите граници.

Разговорите ќе се одржат еден ден пред средбата в четврток во Брисел на министрите за внатрешни работи на ЕУ.

Австрија покалнила министри од Бугарија, Албанија, БиХ, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и од Словенија.