Свет
15. March 2017 - 15:19

Австрија: Незамисливо е членството на Турција во ЕУ

Австрија смета дека Турција не треба никогаш да стане дел од Европска унија имајќи ја предвид се порепресивната политика на земјата. Поради тоа присоединувањето на Турција во ЕУ е незамисливо, се наведува во политичкиот документ на австриското Министерство за надворешни работи. 

Документот е дел од подготовката на Австрија за претседателствувањето со ЕУ во втората половина од 2018 година.

Австрија е една од земјите вовлечена во големиот скандал меѓу Турција и ЕУ со кампањата на турските политичари во странство.

- Наместо преговори за членство во ЕУ, Турција би требало да се стреми кон договор за соработка, вклучително во трговијата, во надворешната политика, во правосудството и за антитерористичките мерки, се посочува во документот.