Свет
10. July 2017 - 10:16

Австрија му забрани влез во земјата на турскиот министер за економија

Турскиот министер за економија Нихат Зајбекчи, кој требаше да присуствува на собири по повод годишнината од неуспешниот обид за преврат во Турција што ќе се одржат во Австрија, доби забрана за влез во земјата, соопшти австриското Министерство за надворешни работи.

- Можам да потврдам дека министерот за надворешни работи Себастијан Курц навистина му забрани на турскиот министер за економија да влезе во земјата, изјави претставник на австриското Министерство за надворешни работи.

Тој посочи дека, посетата на турски министер по повод учество на овие собири би претставувало „закана за јавниот ред и безбедноста во Австрија“.