Свет
16. August 2017 - 19:08

Австрија испраќа војска на границата со Италија поради мигрантите

Австриски официјални лица соопштија денеска дека на границата со Италија ќе испратат 70 војници, за да и помогнат на граничната полиција во запирање илегален влез на мигранти во државата.

Потегот е преземен како одговор за зголемениот број мигранти кои се обидуваат да ја преминат австриско-италијанската граница.

Австриските власти претходно соопштија дека се подготвени да распоредат возила со оружје долж границата за да спречат мигранти да влезат во Австрија, но засега се уште не е конкретизирана најавата, јавуваат австриски медиуми.